Петер Маѓар најави голема промена по доаѓањето на власт: „Тврдината на Орбан“ во Будимпешта станува минато

Идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, објави дека доаѓањето на власт на неговата партија Тиса ќе донесе голема промена во локацијата на канцеларијата на премиерот.

Во соопштение на социјалните мрежи, Маѓар наведе дека кабинетот на премиерот ќе се пресели од Кармелитскиот манастир во зградата на министерството во близина на парламентот.

„Под владата на TISZA, канцеларијата на премиерот нема да биде сместена во Кармелитската палата во округот на замокот, која Виктор Орбан ја основал за себе, туку во една од министерските згради во близина на Парламентот“, рече Маѓар.

Виктор Орбан донесе одлука за преместување на премиерската канцеларија во 2019 година, а реновирањето според „вкусот на Орбан“ ја чинеше државата 12,5 милиони евра, додека трошоците за преместување на канцеларијата тогаш беа проценети на 65,4 милиони евра.

Во „Орбановиот бастион“ имало и 38 уметнички дела, односно 34 слики и четири статуи што премиерот ги „позајмил“ од Музејот на ликовни уметности од 2018 до 2023 година.

Унгарската јавност никогаш не добила детални информации за ентериерот на новата канцеларија на Виктор Орбан, бидејќи достапни се само неколку внимателно одбрани фотографии објавени од Кабинетот на премиерот.
The post Петер Маѓар најави голема промена по доаѓањето на власт: „Тврдината на Орбан“ во Будимпешта станува минато appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: