Петков се налути: Не може македонските служби да имаат подобри информации од бугарските!

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков се налути што македонските служби први ја разотркиле работата на протераниот руски свештеник Змеев.

„Додека бугарските служби не работат на проактивен начин – националната безбедност е всушност загрозена“, нагласи копретседателот на ПП.
„За жал, повторно прво странските служби мораа да откријат дека имаме друг шпион во Бугарија. А потоа нашите служби реактивно го направија тоа што го направија“, вели Петков.

Според него, пропуст на ДАНС е тоа што архимандритот Васијан и другите двајца службеници на Руската црква биле протерани дури сега, а не порано.
„Ако денес веќе знаеме дека бил шпион на руските служби, тој бил шпион на руските служби 5 години. Всушност, за ова постојано зборуваме. Дека додека бугарските служби не работат на вистински начин, на проактивен начин – националната безбедност е всушност загрозена. Македонија не може да има подобри информации за руските шпиони во Бугарија од нашите служби“, нагласи тој, потсетувајќи дека Македонија го прогласи архимандритот за руски шпион.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.