Пет имиња влегуваат како фаворити во изборот на Заев и Ахмети за заеднички претседателски кандидат, открива премиерот и претседател на СДСМ по средба со коалициониот партнер во Клубот на пратеници.
Заев вели на средба не дебатирале за имиња, се договориле меѓупартиските разговори да продолжат, пренесе ТВ “Канал 5“.
Ахмети, како и Заев, нема амбиција да биде претседател на државата. Заев утре ги продолжува меѓупартиските разговори со средби со Африм Гаши и Мендух Тачи.