Владата и советниците во Советот на Градот Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваат да предизвикаат хаос во јавниот сообраќај во Скопје, истакна денеска на прес-конференција директорот на ЈСП, Крсте Петревски.
– Веќе 30 години политиката во Република Македонија е фактор на уназадување, не фактор на прогрес. Така е и во последните две години. Имено, поради теснопартиските и лични интереси, втора година граѓаните на Град Скопје се жртви на неколкумина кои иако имаат обврска да го унапредуваат работењето на градот, со сите сили се обидуваат да предизвикаат хаос.
- Љутков: „Охридско лето“ – Симбол на културната зрелост на државата
- МЕТ ДЕЈМОН ПРИЗНА ДЕКА МУ СЕ ВОСХИТУВА НА ОВОЈ КОЛЕГА „Тој е цел и пример“
- Ако се чувствувате уморни после јадење, ова може да биде причината
- 5 секс пози во кои секоја жена ја достигнува својата кулминација од соништата
- Стотици македонски знамиња развиени во Тирана како дел од „Неделата на македонската култура“
- Вооруженото крило на Хамас објави видео со жив израелски заложник
- Сочна торта со гриз, кокос и лимон: Необичен рецепт кој ќе ве натера да му се вратите повторно (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)
- Украина тврди дека нападнала руска фабрика за дронови длабоко во територијата на Русија
- КОЛКУ ДОЛГО МОЖЕ ДА СТОЈАТ ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЈАЈЦА: Зависи од тоа како ги чувате, а една работа на лушпата ви кажува дека се расипани
Втора година по ред, советниците во Советот на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја блокираат одлуката за набавка на нови автобуси за ЈСП, со што би се обновил возниот парк, а граѓаните би добиле подобра услуга.
Партиските интереси за овие луѓе се поважни од интересите на оние кои ги изгласале на оваа функција. Втора година по ред, советниците во Советот на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја блокираат одлуката за доделување на средства на ЈСП, кои му следуваат на претпријатието а се потребни за исплата на плати на вработените.
Личните и партиски интереси повторно се поважни од вработените, па смислено ја блокираат исплатата на плати за вработените во ЈСП, свесно обидувајќи се да предизвикаат криза во јавниот превоз.
Трета година по ред, Владата на Република Македонија на ЈСП не му исплаќа средства за бесплатниот студентски превоз, Владата на ЈСП му должи 360 милиони денари за услуга која произлегува од одлука на истата Влада, а ЈСП во целост ја извршува.
Цената на ваквата деструктивна одлука за жал повторно ја плаќаат граѓаните, вели директорот Петревски.
Пронајдете не на следниве мрежи: