Петровска: Властите ги фатија сите криминалци, па сега апсат чесни христијани!

Властите ги фатија сите криминалци па апсат луѓе, чесни христијани, вели пратеничката Славјанка Петровска во објава на Фејсбук.

– Веројатно властите ги решија сите криминалци кои јуришаат по улиците деновиве и решија да апсат чесни граѓани, христијани, верници во Бога кои со лични средства сакаат да ја реставрираат православната црква Св. Петка во атарот на село Галате, гостиварско.

👉Прво лажеа дека обвинителството наредило апсење, па откако ЈО демантираше, граѓаните се обвинети за узурпација на земјиште! Узурпација на земјиште на кое црквата е изградена пред повеќе од 30 години? Срамота!!!

Дафина Стојаноска ја видел некој? Затоа што пред изборите поприлично грлато врескаше дека никој не може да го тормози македонскит народ! Ама не и било до македонскиот народ, на неа и на ДПМНЕ, до власта им било. – напиша Петровска на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: