Петровска се изнервира: Отворете истрага за наводната хациенда, па пак „да си пукате во нога“ – Не глумете опозиција, власт сте!

Добро утро послушници од ДПМНЕ. Еве веќе 20 дена како и официјално сте власт, па нема потреба од повторувања на прес конференции, ниту да ја повикувате ДКСК, вели пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска во соопштение до медиумите.

– Само за потсетување дека овие обвинувања се одамна, Драган Ковачки лажеше и ме клеветеше. И како што ветив во судска постапка докажав дека е лажго. Ама од срам ја крие пресудата и ве турка во поголема брука.

Ај сега еден бесплатлен совет од мене, бидејќи сте власт и МВР повторно е МВРО поведете истрага за наводната хациенда, па пак да “си пукате во нога”.

Во меѓувреме одговорете:1. Како е можно за помошник министер во МВР да е поставено лице со активна кривична пријава?
2. Зошто заменик директорката на Агенција за разузнавање е незаконски поставена?
3. ⁠Ќе се извини ли Мицкоски за злоупотреба на позицијата и организирање  прошетки на неговиот син во Вашингтон?
4. ⁠Како е можно за директор на Управата за извршување на санкции да поставите лица со несоодведно искуство?
5. ⁠Кој ви дозволи ја задолжувате државата, односно граѓаните со 500 милиони евра за да ги покриете неспособните градоначалници на ДПМНЕ?

Со лаги, клевети и закани нема да ме спречите да ја говорам вистината и да поставувам прашања.

Одговорете, не молчете – напиша Петровска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.