Северна Македонија е кредибилен сојузник кој инвестира во националната и колективната одбрана, беше истакнато на денешната средба на министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорот на директоратот за одбранбено планирање во Алијансата, Карл Форд, кој заедно со неговиот тим учествува на редовните билатерални консултации помеѓу Република Северна Македонија и НАТО- Алијансата.
- Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
- Срамота е ова што го прават трговците пред празниците !
- Светот не е подготвен за хаосот што ќе се случи! Масивна вулканска ерупција се приближува? Тоа би го променило лицето на Земјата
- Хезболах не знаел дека купува пејџери од Израел?
- Новиот филм на Кристофер Нолан ќе се базира на адаптацијата на епската „Одисеја”,Прикажана во јули 2026 година.
- ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА: Еве какви се разликите во платите меѓу мажите и жените во европските земји
- Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по 20 години поминати во затвор во САД
- МИСИЈАТА НА НАСА:Леталото се обидува да се доближи најблиску до Сонцето досега: Какви тајни крие?
- 74-годишна жена од Охрид заврши во болница откако била прегазена од нејзин сограѓанин
Како што информираат од Министерството за одбрана, на состанокот министерката Петровска порача дека Северна Македонија е посветен и активен НАТО сојузник кој дава суштински придонес во рамките на колективната безбедност.
-Со придонесот во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Романија и Бугарија македонската Армија ја зацврстува колективната безбедност и безбедноста на секој граѓанин на Алијансата. Ние остануваме посветени и на регионалната безбедност кон која придонесуваме преку нашето учество во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, рече министерката.
Петровска додаде дека Северна Македонија ќе продолжи да инвестира во својата Армија, а доказ за тоа е фактот дека следната година 2 проценти од бруто-домашниот производ ќе бидат одвоени за одбрана, од кои една третина за модернизација и опремување.
Директорот за одбранбено планирање Форд го поздрави придонесот на Северна Македонија кон колективната безбедност, а особено во рамките на мултинационалните сили на НАТО во источното крило.
-За време на билатералните консултации, кои вчера и денеска од страна на Министерството за одбрана ги предводеше државниот секретар Владимир Анчев, се разговараше за напредокот во имплементацијата на доделените НАТО цели на способности во рамки на повеќе области како одбранбената политика, финансиите, копнените сили, логистиката, воздухопловните сили, специјалните сили, капацитетите за стабилизација и реконструкција како и цивилната подготвеност, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.