Филип Петровски му одговори на Димитровски, кој вечерва по инерција во ТВ настап обвини без докази и аргументи за блискост со Москва.
На 24вести уредникот на Фокус Димитровски ме посочи како тврдокорна структура поврзана со Москва. Божеееее… Тоа што имаме став дека не сме за обезличување, што се бориме против промена на името, и имаме став кон нашата историја било последица на МОСКВА?! Со што може да го потврди ова? Со ништо!
Во моите настапи, кои може да се видат на интернет и ги има тука кај мене на профил сум нагласил дека треба да се отвори дебата дали сме за НАТО без услови, и да се види дали можеби Македонија треба да биде НЕУТРАЛНА ДРЖАВА! Тоа не е нелегитимен став. Но, како Жоро ова го поврзува со Москва не ми е јасно. Затоа јас мислам дека е најдобро во еден дуел (во живо) да дискутираме на тема, ако има ТВ која е слободна да не повика, односно ако има ТВ која што смее да организира ваква дебата. Искрено се сомневам…
У крајна линија, да бидам сосема јасен, ако е во интерес на Македонија треба да се врземе и со Москва или Пекинг, или пак што ти ја знам Сеул или Буенос Аирес.
Како рече Тодор Александров: ќе се врзам и со ѓаволот кога е во прашање Македонија.