Петровски: Ѝ се закануваа на Арсовска дека ќе ѝ сечат раце, нозе, се закануваа со деца – Големите партии станаа мафијашки структури!

Петровски: Ѝ се закануваа на Арсовска дека ќе ѝ сечат раце, нозе, се закануваа со деца – Големите партии станаа мафијашки структури!

Во денешното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија, Филип Петровски истакна дека големите партии на власт, во опозиција и оние кои претендираат да бидат власт користат невидени методи кои наликуваат на големите мафијашки структури за да се пресметуваат со неистомислениците на сите нивоа.

Пред две недели беше нападнат советник во Општина Карпош, знаете дека на градоначалничката Арсовска ѝ се закануваат рацете, нозете ќе ѝ ги сечеле, ѝ се закануваат со децата…

После излезе уште една советничка, се пожали дека има физички закани. Јас само ќе потврдам дека методот, начинот на физичка пресметка во Македонија во политиката е влезен во мејнстрим, на голема врата. Одредени партии, еве и Зоран Божиновски да ве потсетам каков беше пред неколку недели, во мејнстрим им е влезено физичко пресметување со неистомисленици, истакна Петровски.

Петровски додаде дека македонските партии не смеат да бидат мафијашки структури и да се закануваат дека ќе сечат на некому раце и нозе затоа што не мисли исто како нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.