Американскиот рапер Шон Комбс, попознат како Паф Деди или Пи Диди, е обвинет од поранешен колега за сексуален напад. Музичарот и претходно е тужен за сексуални напади, вознемирување и недолично однесување, уште од четири лица, од ноември 2023 година.
Родни „Лил Род“ Џонс – продуцент на албумот на Пи Диди од 2023 година, во понеделникот поднел тужба до Федералниот суд во Њујорк против раперот и неколку негови соработници. Тој тврди дека бил сведок на тоа како Комбс и другите „се впуштиле во сериозни незаконски дејствија“ додека живеел и патувал со нив од септември 2022. до ноември 2023 година.
Во документите се тврди дека Пи Диди го принудил Џонс да бара сексуални работници, некои од нив и малолетни лица, кои наводно биле непристојно тормозени и понижени. Продуцентот тврди дека бил принуден да има секс, а и слики од тие случаи се вклучени во поднесокот.
Адвокатот на Пи Диди, Шон Холи го критикува Џонс дека неговото „непромислено нафрлање имиња и настани коишто се чиста фикција“ е, едноставно, нешто кое не се случило, а тужителот само бара внимание и корист.
– Имаме огромен, неоспорен доказ дека неговите тврдења се целосни лаги. Нашите обиди да го споделиме тој наш доказ со адвокатот на г-н Џонс – Тајрон Блекбурн, беа игнорирани, т.е. г-н Блекбурн одбива да ги прифати нашите повици, изјави правобранителот.
Тој најави образложение на овие обвинувања на Суд и соодветни мерки против оние што ги изнесуваат.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.