Денешниот, петти по ред протест – и покрај тоа што се одржа во вторник и во работно време – беше вистински силен, квалитетен и исполнет со искрени луѓе кои вредат многу повеќе отколку што зборовите можат да опишат. Ви благодарам на сите што бевте таму – со срце и душа, стои во објава на Фејсбук страницата Бабам Битола.
– Навистина има надеж. Има светлина. Ние самите ќе го промениме светот, за нашето добро и за иднината на најмилите. Зашто никој не знае како изгледа пеколот сè додека не го почувствува на сопствената кожа, во сопственото семејство.
Битола е наша. И мора да биде на прво место – заштитена, чиста и здрава. Нека биде скраја секое зло, каде било и кај кого било.
НЕ за депонија!
Да за живот! – стои во објавата на Фејсбук.
Фото Апла.мк
