Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Петчлено семејство погина во судир на автомобил и воено возило на патот Краљево-Рашка, пренесе Блиц. Жртви се три деца, и нивните родители.

При извршување на редовните задачи, борбеното возило на српската армија „ПАСАРС“ се судрило со цивилно возило во близина на градот Ушќе, соопшти Министерството за одбрана.

Несреќата се случила во 13 часот и 10 минути.

Борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција.

Од Министерството првично информираа дека има повредени и загинати.

Надлежните органи излегле на местото и ќе ги утврдат сите околности на несреќата.

Се претпоставува дека патничкото возило прелетало под военото борбено возило кое се движело во придружба.

Пронајдете не на следниве мрежи: