Без кавги не се вистински пар, а ако барем еднаш не сте се искарале добро, нешто не „штима“.
Кога ќе дојде до тоа, најдобро е да избегнете ниски удари, затоа што тие ќе останат во воздух дури и кога кавгата ќе заврши. Кога се расправате, внимавајте на ова:
Треба да прекинете кога е најлошо – ако неможете да се разберете, сменете тема, побарајте пауза пред да се налутите толку многу, да нема враќање назад. Во кавга кажуваме многу работи, кои често не ги мислиме, па понекогаш е подобро да се повлечеме на време.
Смејте се – не за да се изиритирате меѓусебно, туку затоа што секоја насмевка испраќа позитивна енергија. Доколку и двајцата се смеете, полесно ќе дојдете до заклучок, а можеби токму насмевката ќе ве натера да престанете да се расправате.
Сложете се – ако поддржувате една страна, а личноста со која се карате има сосема друга, поразумна страна, сложете се со неа, така ќе покажете дека сте разумна личност која сака да го реши проблемот.
Смирете се – знаеме дека е тешко, но кавгите најдобро се решаваат со мирен тон. Доколку го повишувате гласот, брзо ќе дојдете до апсолутно несогласување и нема да дојдете до заедничко решение.Без кавги не се вистински пар, а ако барем еднаш не сте се искарале добро, нешто не „штима“.