Ако се прашувате дали партнерот има сериозни намери со вас при почетокот на врската или станува збор за авантура, треба да обрнете внимание на овие пет знаци. Секојдневните знаци кои можеби досега не сте ги забележувале можат да бидат искрен показател на неговите чувства.
Еве за кои знаци станува збор:
1. Постојано сака да биде со вас
Кога сте заедно времето минува многу брзо, никогаш не ви префрла дека многу време минувате заедно и дека треба и со други луѓе да се дружите. Ова е одличен показател дека вие сте му на прво место и дека сака да минува време со вас, за подобро да ве запознае.
2. Ве запознава со другите, претставувајќи ве како негова девојка
Тоа значи дека преминал преку оној непријатен дел кога го изговара само вашето име, без да посочи која сте му. Сега јавно ве прогласува за негова девојка и тоа со насмевка на лицето.
3. Ви помага во извршувањето на секојдневните задачи
Не му е проблем да појде со вас во шопинг или продавница, за да го купи тоа што ви треба.
4. Не го проверува мобилниот кога сте заедно
Не го интересираат социјалните мрежи додека сте заедно, целосно е сконцентриран на вас.
5. Ви кажува дека му недостигате
Кога нема да се видите неколку дека секогаш ви кажува дека му недостигате и дека едвај чека повторно да ве види. Не чека вие да предложите кога да се најдете, туку тој дава свој предлог, на кој не може да му одолеете.