Пет лица се обвинети во врска со смртта на Лијам Пејн, меѓу кои и блиските пријатели Роџер Норес.Според аргентинското државно обвинителство, менаџерката на хотелот Гилда Мартин, вработениот во хотелот Естебан Граси и пријателот на починатиот пејач Роџер Норес се обвинети за убиство од небрежност, додека вработените Брајан Паиз и Езекиел Перејра се обвинети за снабдување со дрога.Според информациите на аргентинскиот портал Infobae, судот наредил две од петте обвинети лица да бидат задржани во притвор. Тие се повикани да се појават во судот во рок од 24 часа.Инаку, според последните информации, бројот на осомничени во истрагата е зголемен од три на пет лица. Пред неколку дена аргентинската полиција испратила покана за сослушување на неговата девојка Кејт Кесиди.Полицијата објасни дека Кесиди не е осомничена, но дека се надеваат дека таа може да даде дополнителни информации кои ќе помогнат да се разјаснат околностите на неговата смрт.Потсетуваме, три недели по смртта на Лијам Пејн, обвинителите во Аргентина ја отфрлија можноста за самоубиство како причина, наведувајќи дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал.Официјалните лица рекоа дека донеле одлука откако заклучиле дека Пејн најверојатно бил во несвест кога паднал од балконот на третиот кат на хотелот CasaSur Палермо во Буенос Аирес на 16 октомври, имајќи предвид дека имало недостаток на „рефлекси за преживување“.
Пронајдете не на следниве мрежи: