Недостатокот на витамин Д може да биде причина за пад на расположението. Консумирајте ги овие намирници за да се чувствувате поубаво во зима.
Студените зимски денови предизвикуваат чувство на незадоволство и непријатност. Главната причина е поради недоволната количина на витамин Д во телото. За разлика од летото кога во нашето тело има доволно витамин Д, во студените денови количината е значително намалена и затоа треба да ги консумирате следните намирници.
Јајца Јајцата содржат многу витамини и минерали, но витаминот Д се наоѓа во жолтката. Затоа треба да јадете јајца во зима, но внимавајте да не претерате.
Млеко
Кравјото млеко содржи калциум, но е богато и со витамин Д.
Лосос Лососот е полн со витамин Д. Консумирајте ја оваа риба барем еднаш во две недели.
Печурки
Печурките се богати со витамин Д, па затоа се препорачува да ги јадете во зима.
Сок од портокал
Портокалот е уште една намирница којашто е полна со витамин Д.