Пет показатели дека премногу се грижите за туѓото мислење

На секој од нас до некоја мера му е важно што другите мислат за нас и нашите постапки, но тоа никако не смее да биде пресудно мерило во нашиот живот.
Но, сепак, некои луѓе дозволуваат туѓото мислење да го контролира нивниот живот, што никако не е добро. Мора да правите работи кои ве исполнуваат, без оглед на туѓото мислење, бидејќи вашата среќа е најважна, а луѓето ќе зборуваат и мислат разни работи, без оглед на тоа што вие правите.
Еве некои јасни показатели дека премногу се грижите за тоа како ве гледаат другите луѓе:
1. Себеси се проценувате според туѓите мислења за вас
Постојано во глава ви ѕвонат нивните коментари за тоа како сте постапиле или се чувствувате како да сте изневериле нечии очекувања, а суштината е во тоа да не ги изневерите сопствените очекувања и целосно да им се препуштите на сопствените одлуки и да уживате во животот.
2. Секогаш внимавате на секој збор
Често се цензурирате и не го искажувате своето мислење, бидејќи се грижите што другите ќе мислат за тоа. Наместо тоа, секогаш бидете сигурни во себе и секогаш кажувајте го тоа што го мислите.
3. Сакате на сите да им се допаднете
Правите сѐ за да почнат да ве интересираат работи кои ги интересираат луѓето околу вас. Правите работи за кои сте сигурни дека ќе им се допаднат, се трудите да разговарате за работи кои ги интересираат нив, но не зборувате за работите кои вас ве интересираат.


4. Секогаш се ставате на последно место
Секогаш се држите на страна, а на другите им замерувате што не ја приметуваат вашата жртва. Подобро да се изборите за своето место во друштвото, бидејќи, во спротивно ќе почне да ви пречи тоа што сте занемарени.
5. Не знаете да кажете „Не“
Се плашите да одбиете да направите нешто што не знаете, само за да не навредите некој и ги занемарувате своите принципи и ставови.


Без оглед на вложениот труд, никогаш нема да му се допаднете на секој. Меѓутоа, тоа и не е толку важно. Единствено што е важно е дали вие си се допаѓате самите на себе. А себеси ќе си се допаднете ако секогаш бидете искрени кон сите. Покажете се во правото светло, без оглед на тоа на кој ќе му се допаднете, а на кој не. Едноставно препуштете ѝ се на својата среќа, зрачете со позитивна енергија и сакате се себеси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.