Презервативот или кондомот е средство за контрацепција со најраширена употреба. Освен што штити од несакана бременост, игра голема улога и во спречување на ширењето на полово преносливите болести.
Иако за овој облик на контрацепција одамна се знае, многумина и понатаму веруваат во некои митови за овие “гумени заштитници”.
“Ставањето на лубрикант на кондомот ќе го спречи неговото пукање ”
Лубрикантите на база на масло и петролеј всушност можат да го оштетат кондомот.
“Кондомот штити од сите полово преносливи болести ”
Кондомите не штитат во целост од генитален херпес, ХПВ, сифилис и срамни вошки. Презервативот не е доволна заштита ниту за херпес тип 2, односно гениталниот херпес.
Кај ХПВ вирусот како и кај херпесот може да се случи личноста да боледува со години без никакви симптоми и да не знае дека е болна, но затоа може да ја пренесе болеста на партнерот.
“Не можете да користите кондоми доколку сте алергични на латекс”
Ова не е вистина – можете да користите кондоми кои се изработени од полиуретан и полиизопрен.
“Кондомите треба да ги чувате во паричникот ”
Чувањето на едно пакетче кондом во паричникот може со текот на времето да го истенчи материјалот од кој е направен кондомот и на него да се создадат ситни дупчиња.
“Користењето на два кондоми истовремено ја удвојува заштитата ”
Употребата на два кондоми одеднаш ја намалува заштитата бидејќи создава поголемо триење, а со тоа се зголемува можноста од пукање на презервативот.