Неопходно е да се почитуваат чувствата, како и желбата за приватност на бремените жени.
За време на бременоста, секоја трудница барем еднаш ќе се соочи со разни проблеми поврзани со нејзината бременост и идните планови. И ако нешто ја интересира, сама ќе побара совет.Некои прашања што им се упатуваат на трудниците не само што се непотребни, туку и се непријатни и несоодветни.
Можеби вам ви се чинат безопасни, но за жената на која ѝ се упатени ѝ се „преку глава“.
Ова се најчестите прашања што најчесто им се поставуваат на бремените жени, а не треба.
Дали бременоста ти беше намерна/планирана?
Дали си среќна?
Дали сакаш да имаш уште деца?
Колку се здебели во бременоста?
Дали планираш да го доиш бебето?
Бременоста е еден прекрасен период од животот на жената, доколку таа тоа го избрала, но исто така е деликатен и чувствителен период во кој треба особено да се внимава на чувствата и менталната состојба на трудницата.