Пет причини зошто силните жени немаат среќа во љубовта

Убава, паметна, самостојна, силна и сама? Дали ви звучи познато? Сигурно познавате барем една ваква жена, а можеби сте и самата таква, па доколку се прашувате зошто сте слободна и покрај сите квалитети кои ги поседувате, ова се некои од причините.
Љубовта не ви е приоритет
На успешните и силни жени љубовта и врските речиси никогаш не им се приоритет. На прво место ја ставате кариерата, а доколку сте задоволни со работата – тоа ви е сосема доволно за да бидете среќни.


Се ставате на прво место
Нема ништо лошо во тоа, но може да влијае на љубовниот живот. Знајте дека не е лесно да се пронајде партнер кој ќе ви помогне да ги остварите вашите соништа и идеи, но не е ниту невозможна мисија.
Премногу бирате
За да ве освои некој маж, треба да биде на вашето интелектуално ниво. Од исклучителна важност е да има страст кон она што го работи во животот, исто како вас.
Не паѓате на лесни провокации
Мажите коишто бараат само забава, и кои се лажговци и манипулатори немаат шанси кај вас.
Не толерирате доколку не ви се допаѓа како се однесува некој
Свесни сте за тоа колку сте вредни и не зависите од другите, па ниту од некој маж. Не толерирате лошо однесување, навреди и непочитување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.