Пет работи кои мора да ги исфрлите од вашиот гардеробер

Сигурно многу пати сте си рекле дека модата се враќа низ годините и дека можеби е добро некое парче облека да го сочувате.
Сепак постојат некои парчиња облека од кои треба да се откажете засекогаш и на нив не им е место во вашиот гардеробер.
Парчињата облека кои ќе ги прочитате во продолжение може веднаш да ги фрлите без никаква грижа на совест, ова особено важи за дамите кои веќе се влезени во триесетите.


Неудобни потпетици
Можеби во помладите години ви било во ред да облечете тенки, но високи потпетици, но повеќе нема потреба да страдате за нешто што ќе ви направи повеќе штета отколку корист. Чевлите бирајте ги пред се по нивната удобност, а квантитетот заменете го со квалитет.
Претепано „искинати“ фармерки
Оваа облека изгледа дискутабилно на сите кои се постари од 14 години. Одлучете се за нешто со посуптилни резови, а при купувањето внимавајте на кројот на фармерките.
Куси здолништа
Мини здолништата изгледаат атрактивно и модерно особено ако нозете се вашиот адут. По училишните и студентски денови кога ќе почнете да се чувствувате посериозно, применете го тоа и на физичкиот изглед и облекувањето. Мини здолништата заменете ги со здолништа кои се со должина под колената.
Патики на полна пета
Ваков тип на обувки воопштво не е во мода, па истите заменете ги со класични бели патики кои совршено се вклопуваат со секоја ваша комбинација.
Неугледна облека за дома
Не треба дома да носите фармерки и да бидете комплетно средени, но бидете доволно средени за во секој момент да може да ја отворите вратата и да изгледате совршено. Најудобно ќе се чувствувате во комплет тренерки кои се со иста боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.