Иако добриот и квалитетен сон би требало да биде на врвот на листата на наши приоритети, мозокот некако секогаш пронаоѓа начини за да не заспиеме навечер, а бескрајните анализи и негативност можат да доведат до несоници и постојан физички и психички умор. Сепак, експертите се согласуваат дека големо влијание врз квалитетот на нашиот сон имаат работите кои си ги кажуваме себеси пред да заспиеме.
Ова се работите кои би требало да си ги повторувате себеси секоја вечер пред да заспиете:
Благодарен/а сум за…
Практицирањето благодарност го зголемува нивото на среќа, влијае позитивно на вашиот имунитет и ги зацврстува вашите врски, а може и да ви помогне да постигнете поквалитетен или подобар сон. Па затоа, секоја вечер спомнете си ги работите за кои сте благодарни. Или уште подобро, запишете ги во тетратка.
Ги оставам работите да одат по својот тек…
Ја знаете изреката: Никогаш не си легнувајте лути?
Истражувањата покажале дека негативните чувства кои со себе ги носиме во кревет ни го оневозможуваат добриот и квалитетен сон. Тоа не значи дека нужно морате да го решите секој проблем пред спиење, некогаш е подобро да преспиете и со ладна глава да се насочите кон решавање на проблемот, но секако би требало да се ослободите од анксиозноста и притисокот пред да заспиете.
Јас сум силен/силна, добар/добра, храбар/храбра….
Поентата на ова е да се фокусирате на своите достигнувања, сила и позитивни карактеристики. Прифаќањето на нашата сопствена личност е клуч за среќен живот, а сепак многу ретко го правиме тоа.
Што можам да направам за да го подобрам ова?
Без оглед на тоа дали имате одреден проблем или проаѓате низ тежок период, поставувањето на ова прашање може да ви помогне. Авторот Стивен Котлер вели дека решението на одреден проблем лежи токму во луцидните соништа, во она што ни лежи во потсвеста.
Јас ќе пронајдам мир
Ако постојано се превртувате и не можете да заспиете, можеби повторувањето на оваа фраза може да ви помогне. Доколку повторно го изгубите фокусот и почнете да размислувате негативно, потрудете се да се вратите на оваа фраза и повторувајте ја додека не се смирите.