Пет совети за исхрана кои треба да ги игнорирате

Огромен број совети за исхрана на интернет делуваат збунувачки, особено затоа што главно сите тие имаат смисол или се поткрепени со докази и сведочења кои навистина делуваат убедливо.
Советите за исхрана и слабеење се особено бројни, но добра вест е дека, ако знаете што барате, можете да го занемарите најголемиот дел и да не навлегувате во деталите на она на што наидувате на интернет.
Еве ја вистината за некои од најголемите митови.
Оваа намирница/додаток/производ го поттикнува метаболизмот.
Најчесто се наидува на ова тврдење, па е затоа и на прво место од листата митови кои не се точни. Ништо што консумирате не го поттикнува значително метаболзимот и ништо што консумирате не ги согорува мастите или калориите. Единствен начин да се согорат мастите е да се согорат калориите, а единствен начин да се направи тоа е: 1) со дишење (поеќето калории кои ги трошиме во текот на денот потекнува од енергијата која ја вложува нашиот организам за да не одржи во живот и за да функционираат сите наши органи и тоа се вика основна метаболичка стапка, б) со варење на храната и ц) со вежбање и движење. Игнорирајте ги советите за исхрана кои велат поинаку.


Таканаречените намирници кои согоруваат масти (како што се на пример лутите пиперчиња) или други производи можат малку да го забрзаат метаболизмот (навистина малку), но не доволно за да има тоа конкретно влијание врз слабеењето.
Да ги земеме како пример лутите пиперчиња. Тие содржатсоединение под називот капсаицин и се вели дека неговата лутина го зголемува адреналинот, што доведува до поголемо согорување на калории. Проблемот со оваа теорија е во тоа што, иако звучи можно, ништо што јадеме не го забрзува нашиот метаболизам во доволна мерка или доволно долго за да дојде до губење на килограмите.
Една мала студија поделила 25 испитаници во две групи – оние кои редовно јаделе зачинета храна и оние кои не јаделе, а потоа на двете групи им е давана просечна количина (околу 1 грам) лути пиперчиња за ручек. Се дошло до заклучок дека оние испитаници кои не јаделе зачинета храна покажале поголема потрошувачка на енергија и намален апетит.
Секако, можно е тие испитаници да престанувале да јадат кога ќе почувствувале лут вкус во устата, а не дека пиперчињата имаа волшебно влијание на слабеењето.
Така истражувачите заклучиле дека лутите пиперчиња имаат и метаболички и сетилни ефекти.
Покрај тоа, авторите на студијата дошле до заклучок дека долгорочното внесување на зачинета храна може да доведе до губење на сетилниот ефект на лутина, такашто после некое време не се знае дали тие почетни предности се и натаму можни. Дури и да се, студијата открила дека четири ипол часа после јадењето испитаниците кои јаделе лути пиперчиња согореле 10 калории повеќе од оние кои не јаделе, што е занемарливо малку
Уште еден факт: консумирањето на ледена вода исто така не го поттикнува метаболизмот, како ни витамините, минералите или суплементите.
Ќе ослабнете X килограми за X денови
Дали имате кристална топка која ја предвидува иднината? Ја немаат ниту оние кои даваат совети за исхрана. Затоа не земате здраво за готово кога некој тврди дека ќе изгубите одреден број калории – или воопшто,дека ќе ослабнете – во одреден временски рок.
Сите се разликуваат по генетиката, животните околности, степенот на активност и склоностите. Заради тоа е невозможно да се процени колку ќе ослабнете ако се придржувате до одреден режим на исхрана, дури и ако други (или дури и вие) ослабеле на тој начин во минатото. Игнорирајте ги тие ветувањаи фокусирајте се на тоа колку е здрав и комплетен вашиот план на исхрана.
Исто така еважнода обрнете внимание на тоа како се чувствувате. Дали е тој план рестриктивен? Одржлив? Дали веучи како да ги приготвувате и мерите порциите? Дали е акцентот на свежи намирници богати со хранливи материи? Ако е тоа нешто за брзо слабеење или делувапремногу добро за да биде вистинито, бидете многу претпазливи.
За да бидете здрави, престанете да јадете одредена намирница или група намирници
Секако, секогаш има луѓе кои не можат да толерираат одредени намирници. Меѓутоа, повеќето од нас немат проблеми со глутенот во житарките, со лектините во мешунките и со шеќерот воразумна количинаво овошјето, исфрлањето на овие здрави намирници од исхраната, затоа што некој ве исплашил со тврдењата за нивната штетност, е беспотребно и погрешно. Колку е вашата исхрана побогата со намирници со хранливи материи, толку е поздрава и полесно ви е да се придржувате. Покрај тоа, физикото здравје е едно, но што е со вашето емоционално здравје? Колку ве чини рестриктивната диета на емоционален план? Дали веспречувада живеете онака како што сакате, да уживате во оброците со пријателите и семејството, на пример? Дали ви предизвикува нервоза и чувство на вина во врска со храната и исхраната? Ова е исто така важно за здравјето, такашто ако вашиот план на исхрана има голема емоционална цена, време е да го смените.
Млекото од куркума е поздраво


Добро е да се внесуваат „супер намирници“ во исхраната, нотие нема да ги елиминираат или урамнотежат помалку здравите аспекти на вашата исхрана нит она што го јадете ќе го направат „поздраво“. Таканаречените супер наирници како што се мача, куркума, мак, какао зрна и сите други, се секако вкусни и имаат свое место во здравата исхрана, но немаат квази влшебни особини кои го продолжуваат животот или го подобруваат здравјето.
Можетеда јадете помфрит пржен на кокосово масло, но требада знаете дека е тоа и понатаму помфрит.
Со други зборови, кога правите избори за да воведете здрава исхрана, додавањето мали количини состојки, зачини и преливи нема да има многу влијание како на пример, внесувањето помалку натриум или повеќе зеленчук.
Тоа не е причина да не јадете супер намирници, но занемарете ги тврдењата дека нивното поголемо внесување ќе направи нешто завашето здравје.
Можете да им верувате на моите совети за исхрана: Кас сум доктор/тренер на познатите/инфлуенсер во областа на здравјето
Понекогаш е тешко да се одреди кому можетеда му верувате кога станува збор за веродостојни совети за исхрана. Иако некои од нас имаат потребно образование, обука и дозвола, има многу луѓе кои делат совети засновани исклучиво на своето лично искуство, сомнителна наука или комбинација од сите тие работи.
Дури и ако е некој доктор, та не значи задолжително дека е подобен за да ви каже што е добро за вас. Она што збунува уште повеќе е дека има многу луѓе кои доволно го познаваат здравјето и добрите својства зада можат да состават совети кои звучат добро, дури и уверливо. Но не заборавајте, тоа што некој звучи како да знае што зборува, тоа не значи дека е квалификуван да дава совети. Секој може да изгугла некојздравственпроблеми дури да одвои доста време за да го проуч, но е нето сосема друго да се преземе одговорност – вклучувајќи ја и онаа законската – да дијагностицира и да советува други луѓе за нивната состојба и исхраната. Во некои случаи погрешн совет миже да биде бескорисен или дури и опасен.
Дазаклучиме, еве од кого треба да сепазите: од оние кои користат само истражувања врз животни или многу мали студии за да ги поддржат своите тврдења, „стручњаци” без формално образование и дозволи во областа на нутриционизмот, оние кои препорачуваат исклучително рестриктивна исхрана, оние кои се обидуваат да ве убедат да испробате некоја диета само затоа што за нив била успешна, и секако, оние чии совети ве обврзуваат да купите нешто од нив.
Ако наидете на некои од ваквите совети, игрнорирајте ги или барем бидете скептични и залете диететичар да ги процени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.