Пет тони кокаин во товар со банани во Малага

Најмалку 15 лица уапсиле и заплениле повеќе од пет тони кокаин скриен во товар со банани, соопштија шпански официјални лица.
Во акцијата која сеуште е во тек во градот Малага во Шпанија, учествуваат и припадници на цивилната гарда и националната полиција, изјави неименуван официјален претставник за „АП“.
Во индустрискиот парк во Малага каде се одвива акцијата за апсење се наоѓаат повеќе од десетина полициски автомобили , наведуваат очевидци за локалниот весник „Diario Sur”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.