Пет утрински навики кои треба да ги промените

Старите навики тешко изумираат. Од таа причина продолжуваме да правиме некои работи кои се штетни за нас, посебно наутро – кога имаме најмалку време за губење.
Следните пет утрински навики се погубни за нашето здравје и расположение и препорачливо е истите да ги смените.
Туширање со топла вода
Бидејќи топлата вода нè опушта, поголеми се шансите да посакаме да се вратиме во кревет по туширањето. Од друга страна, туширањето со млака вода нè расонува и нè припрема за сите дневни обврски.

Проверување на социјалните мрежи и деловниот е-маил. Нема причина зошто да го продолжуваме работниот ден со проверување на деловниот е-маил уште од раното утро. А кога се во прашање социјалните мрежи, во текот на денот ќе имате многу прилики да ги прегледате истите. Зошто да го губите драгоценото време со семејството или партнерот во утринските часови за гледање во екран?


Трошење време на бирање облека
Сигурно често ви се случува наутро да сте во дилема што да облечете тој ден. Со цел да го одбегнете трошењето на време наутро, изберете неколку деловни комбинации кои ќе ги носите во текот на неделата и купувајте гардероба која ги исполнува таквите критериуми.
Појадување на куповни житарици со млеко
Познатата нутриционистка Челси Ејмер изјавила дека наутро е поздраво да изедете парче пица отколку порција куповни мусли. Тоа е затоа што “едно парче пица содржи повеќе маснотии, но значајно помалку шеќери од поголемиот дел индустриски произведени житарки”. Со тоа, оваа намирница помалку влијае врз нивото на шеќер во крвта.
Пиење кафе
Црното кафе во утринските часови го подигнува нивото на кортизол во организмот и нè прави многу понервозни. Исто така не е препорачливо да консумирате кафе на празен стомак. Истражувањата откриваат дека идеалното време за консумирање на овој топол напиток е 3 до 4 часа по станувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.