Пет чекори со кои ќе ги искорените сите лоши навики

Вашите навики не се создаваат преку ноќ, едноставно со текот на времето ги стекнувате преку повторување на одредени шаблони на однесување. Социјалните психолози сметаат дека 30 до 50% од нашите секојдневни активности се одредени од нашите навики. Обрнете внимание на тоа како го почнувате денот: го исклучувате алармот, ги проверувате пораките и пиете кафе. Вашите навики започнуваат уште од моментот кога ќе станете од кревет.
Навиките не се лоша работа. Тие ни даваат сигурност и стабилност. Но, има навики кои воопшто не ни помагаат, а преку овие едноставни чекори можете да се ослободите од нив.


Откријте го шаблонот
Ако сакате да прекинете со лошите навики, прво морате да го идентификувате шаблонот кој се повторува. Одредени околности ги создават навиките, кои потоа ги правиме по автоматизам.
Променете ги околностите
Околностите кои ги предизвикуваат навиките вклучуваат време, локација, активности и друштво.. Ако ги промените, ќе ги зголемите шансите да се ослободите од непосакуваните навики.
Заменети ги старите навики со нови
Заменети ги старите навики со нови. На нашиот мозок му е полесно да се навикне на нови работи отколку само да се откаже од старите.
Правете мали чекори
Не си поставувајте преголеми цели како на пример: „Од денес редовно ќе трчам.“ Поставете си помали, но пореални цели како на пример: „Ќе трчам секоја среда“. А потоа можете да почнете да ги зголемувате деновите. Ако успеете, наградете се себеси. Со текот на времето активноста сама по себе ќе стане доволна мотивација.
Слушајте се себеси
Без оглед на трудот, одвреме-навреме ќе паднете во искушение да потклекнете. Следете го првиот чекор, памтете каде се наоѓаат шаблоните и замките и потсетувајте се себеси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.