Пеце Ристевски назначен за в.д директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип

На функцијата в.д директор на Националната установа Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип е назначен Пеце Ристески, кој е актер во Народниот театар Штип. Своето образованиe го заврши во 2003 година на Националната Академија за Театар и Филм „Крсто Сарафов“ во Софија. Ристески е познат на јавностa во Штип и пошироко по бројните театарски улоги на сцената на НТШ. Тој го зазема местото на претходниот директор, Филип Стевановски, кој трагично го загуби животот во несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани, додека беше дел од групата ДНК. Стевановски беше на оваа позиција неполни два месеца.
The post Пеце Ристевски назначен за в.д директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: