Пешкирите се нешто што го користиме секој ден во нашето домаќинство и без кое нашите животи би биле незамисливи. За да бидат што подолготрајни и за да го задржат нивниот квалитет, треба да обрнете внимание на следнив2е чекори.
Крпите се валкаат многу брзо, па затоа треба да се перат по секоја трета употреба. Рачните крпи треба да се перат и менуваат секој втор ден, а доколку во вашето семејство има повеќе од 4 члена, рачните крпи треба да се менуваат секој ден.
За да избегнете излитени и крути крпи, важно е со каква количина детергент ги перете. Не претерувајте со количината на детергент кога станува збор за перење крпи. Држете се до точно количината што е напишана на пакувањето со детергентот, бидејќи ако не се перат добро , тие стануваат одлична храна за мувла и бактерии.
За да ги задржите крпите меки по некое време, важно е многу добро да ги протресите, без разлика дали со рака или во машината за перење, пред да ги обесите. За да не се формираат мувла и бактерии на пешкирот откако ќе се избришете, најдобро е да се стават крпите на прачките, а не на куките. Кога ќе го закачите пешкирот на кука, постои можност некои делови да не се исушат целосно и на тој начин да станат одлична основа за развој на мувла и бактерии.
Колку помалку користите крпи, толку подолго ќе траат крпите. Затоа, најдобро би било да купите повеќе крпи со цел да ја користите секоја индивидуална крпа што е можно помалку, а со тоа да им го продолжите животниот век. Кога перете крпи треба да користите омекнувач за да ги задржите меки, но сепак треба да бидете внимателни со количината на омекнувач што ја користите за да не ја изгубат пешкирите својата апсорпција. Половина капачње од омекнувач за крпа при перење крпи е сосема доволно.
За да ги отстраните сите бактерии од крпата, од суштинско значење е да ги перете во најтоплиот степен на вода напишана на етикетата за одржување.