Џенифер Лопез во розово бикини ги истакнала своите облини и топ формата на тело која што е резултат на напорното и секојдневно вежбање.
Пејачката и актерка Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез, биле уловени на романтичен одмор каде што уживале во сончевите денови и водата.
Очигледно дека 51-годишната Џенифер одлучила максимално да го искористи одморот во егзотичното и луксузно одморалиште, но Алекс постојано гледал во неа.
Сето тоа го уловиле папарацо фотографите, па дури и нивните необработени фотографии го откриле нејзиното совршено тело кое што го истакнала во розово бикини.
Инаку, пејачката е позната по вежбањето и одењето во теретана, а исто така таа работи и со приватен тренер, а своевремено признала дека вежбањето ја прави среќна.
Таа уживала во капењето, додека пак нејзиниот вереник од плажата ја набљудувал и се сончал.
Инаку Бахамите се една од омилените дестинации на ѕвездите, а познато е и дека таму морето е многу чисто, а песочните плажи се неверојатни.
Алекс ја запроси Џенифер минатата година, по само две години љубовна врска, а плановите за нивната венчавка одлучиле да ги одложат поради пандемијата коронавирус.