Публиката како и секоја година одлучува преку СМС гласови кој ќе биде победник во популарното музичко шоу.
Финалната вечер започна вечерва, а на самиот крај останаа Славица Ангелова од тимот на Ѓорѓе Давид, и Драган Ѓуриќ од тимот на Цеца.
Публиката како и секоја година одлучува со помош на СМС гласови, а титулата победник ја однесе Славица Ангелова.
Оваа сезона покрај Цеца и Ѓорѓе ментори беа и беа Ана Бекута, Вики Миљковиќ, Марија Шерифовиќ, Снежана Ѓуришиќ, Александар Милиќ Мили и Драган Стојковиќ Босанац кои заедно со креативниот директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ, дадоа се од себе кандидатите да се покажат во најдобро светло.
Победничката од Македонија која со своите настапи ги воодушеви сите победи со освоени 88367 гласови.
Таа на крајот им се заблагодари на сите што гласаа за неа, како и на нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид.
Како таа изгледаше во шоуто, погледнете во продолжение: