Пејачката од нејзините 17 години го сака истиот маж! Мажот на Маја Беровиќ бил камионџија, сега има свој бизнис: Еве со што ја шармираше (фото)

Пејачката Маја Беровиќ ја пронајде љубовта на својот живот како тинејџерка, а таа љубов трае до денес.Двајцата се запознале во Босна и Херцеговина на настапите на Маја, каде Ален бил редовен гостин.– Доаѓаше на секој мој настап и сè завршуваше со поглед, бидејќи имав само 17 години. Бев малолетна и лудо вљубена во човек кој доаѓаше на моите настапи – изјавила пејачката во една прилика.Пејачката и бизнисменот недолго потоа започнаа врска, а набрзо почнаа и заеднички живот. Ален, како што тврди и самата пејачка, финансиски и’ помогнал кога требало да го објави својот прв албум.– По некое време сфативме дека не можеме така и дека премногу се грижиме сè да остане на платонска љубов. Одлуката да живееме заедно ја донесовме многу брзо, што беше тешко да се комуницира со мајка ми, која е самохрана мајка и за која беше болна разделбата на женско дете толку рано. Сепак, тоа не застана на патот на мојата среќа. Ален финансиски и морално ми помогна да го издадам првиот албум. Сега, неколку години подоцна, јас сум некој кој може да инвестира во сопствената кариера – откри еднаш пејачката.– Мојата свадба не беше баш, како што велат, „тајна“. Ништо од никого не криев, само немав потреба да објавам дека се мажам. Го избрав Родос затоа што за мене е еден од најубавите острови во Грција. Имавме желба да се венчаме во православна црква – рече Маја и додаде дека нејзиниот сопруг го гледа како најголем поддржувач, но и критичар.– Тој е мојот најголем поддржувач и е продуцент на сето ова. Фокусирани сме еден на друг и дизајнираме сè заедно. А кога станува збор за визуелниот идентитет, морам да признаам дека тој е мојот најголем критичар – рече таа.На почетокот на нивната врска, според медиумите, Ален возел камиони, а подоцна од тоа направил голем бизнис, а денес поседува свои камиони и вработува околу 83 луѓе, пишуваат босанските медиуми. Неговата компанија се занимава со меѓународен патен транспорт на секаков вид стока.

Пронајдете не на следниве мрежи: