Пејачката Пинк тврди дека на нејзината 11-годишна ќерка не ѝ е потребен телефон: „Единствена во одделението која нема мобилен“

Многу родители не знаат кога е време за купување на првиот телефон на нивното дете.

Понекогаш дури и кога сите во одделението го имаат, тие сами сметаат дека сè уште не е време да го купат на сопственото дете. Меѓутоа, некои се општо против мобилни телефони и одложуваат да ги купат за своите деца, а ова не се само грижи на „обичните“ луѓе, туку и на славните.

Имено, американската пејачка Пинк открила во неодамнешното интервју дека нејзината ќерка Вилоу сè уште нема мобилен телефон ниту има намера наскоро да ѝ го набави. Иако има 11 години, таа е единствената во одделението која нема мобилен телефон, а пејачката тврди дека нема да ѝ купи на својата ќерка сè додека таа самата не смисли причина зошто тоа е добро за неа, пишува „Daily Mail“.
„Ѝ реков на Вилоу дека, ако може да ми пронајде било каква литература од реномиран извор која покажува дека телефоните, но и социјалните медиуми општо се добри за неа, тогаш може да ги има. Во спротивно, не доаѓа предвид“, објаснила 43-годишната пејачка која, освен Вилоу, го има и 6-годишниот син Џејмисон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.