Селин Дион не престанува да ги воодушевува модните експерти со своите изданија во кои се појавува во последните две години.
Пејачката сè уште е многу успешна во својата кариера – таа неодамна издаде нов албум и моментално се наоѓа на светска турнеја каде не останува незабележана од страна на модните списанија.
Дион моментално се наоѓа во Њујорк поради деловни обврски, а била фотографирана пред хотел, еден ден по нејзиниот концерт. Музичката ѕвезда привлекла огромно внимание во медиумите поради модната комбинација – мантил фустан со крагна и со исклучително впечатлив цветен дезен. Но, целиот фокус бил ставен на нејзините хулахопки со ист дезен.
Станува збор за стајлинг кој доаѓа од специјалната колекција за есен/зима 2020 со потпис на “Moncler x Richard Quinn”.
Во продолжение погледнете и неколку други генијални изданија на Селин Дион:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.