Пејачката Снежана Бабиќ – Снеки не си ја исполни желбата да се оствари во улогата на мајка, што беше нејзина голема надежа и никогаш не криеше колку ги сака децата.

Иако таа беше во брак од 2002 до 2009 година, со германски бизнисмен со српско потекло, но тие немаа потомство.

Сепак, Снеки не очајува, велејќи дека сè се случува со причина.

-Не се каам за ништо. Ако тоа беше наменето да се случи, тоа ќе се случеше. Тоа би бил и мој совет до сите луѓе, дури и ако не сум компетентна за тоа: што треба да ви се случи, ќе се случи. Без солзи, одиме понатаму, истакна тогаш таа и додаде:
„Одиме во друга димензија, можеби ќе биде поинаку“ – изјави тогаш Снеки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.