Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ покажа на сите каков иден зет ќе има, а доказ за тоа е видео снимката која ја направи пејачката.
Иако таа ретко снима детали од приватниот живот и домот, овој пат преку стори на Инстаграм како и многумина нејзини колеги овие денови празникот го помина во домот заедно со семејството.
Овој пат Цеца беше расположена па ги снимаше сите присутни на масата за време на празничната атмосфера, а меѓу нив беше и нејзиниот иден зет, тоа е момчето на Анастасија.
Таа под видеото напиша „Family“ што е јасен доказ дека одлично се сложува со него.
И додека Анастасија чепкаше по телефонот, идниот зет на пејачката веднаш ја поздрави пејачката со мавтање.