Македонската пејачка Антониа Гиговска пред две недели откри дека е бремена од своето ново момче и дека го чекаат нивното прво дете.
Во меѓувреме таа го издаде и својот дует со Пајак кој буквално руши рекорди во гледаност, а додека слободното време го користи да се одмори во својот дом од таму споделува и видеа и фотографии.
По видеото и препеаната песна од Марија Шерифовиќ, таа позираше пред огледалото во својата детска соба каде го гали својот труднички стомак.
Речиси стомакот веќе и се забележува, а насмевката на лицето пејачката не може да ја сокрие.