Во шестиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција на НБА лигата, кошаркарите на Индијана Пејсерс го победија Њујорк Никс со 116:103 за израмнување на серијата до четири победи на 3-3.
Решавачкиот седми натпревар е закажан за два дена во Њујорк, а победникот ќе игра во финалето на Истокот против Бостон Селтикс, кои ги совладаа Кливленд Кавалирс со 4-1.
Никс ги добија воведните два натпревара, Пејсерс потоа изедначија во следните два, њујорчаните беа подобри во петтиот, а тимот од Индијанаполис сега победија во шестиот, па ќе го решаваат дуелот во „Медисон Сквер Гарден“.
На работ на елиминација по засрамувачкиот пораз од 30 поени разлика во натпреварот број 5 во Њујорк, Пејсерс одиграа одлично во голем дел во шестиот натпревар.
По првата четвртина која отиде во прилог на гостите (30:29), Пејсерс во второто полувреме водеа со 12 поени, во третата имаа и +17 (83:66), а на пауза заминаа со 88:75. Во последниот период од играта домашните избегаа на 23 поени предност (102:79), а до крајот на натпреварот Никс само малку го ублажија поразот за конечните 116:103.
Кај домашните шест играчи постигнаа двоцифрен број поени. Ги предводеше Паскал Сијакам со 25 поени, седум скока и пет асистенции, Мајлс Тарнер постигна 17, а Тајрис Халибертон, Ендрју Нембхард и ТиЏеј Мекконел по 15 поени.
„Мислам дека петтиот натпревар беше нашиот најмалку агресивен натпревар во плејофот. Меѓутоа, вечерва одигравме силно, што беше неопходно. Се движевме подобро, имавме повеќе скокови и тоа очигледно има голема улога во оваа серија”, изјави тренерот на Пејсерс, Рик Карлајл за ESPN.
Гостите ги предводеше Џејлен Брансон со 31 поен и пет асистенции, Мајлс Мекбрајд постигна 20, а Донте ДиВинченцо додаде 17 поени.
„Знаевме дека ќе биде тешко по последниот натпревар, и тоа е она за што се работи. Едноставно ќе треба да играме многу подобро“, додаде гостинскиот тренер Том Тибодо.
Натпреварот број 7 од полуфиналето на Источната конференција ќе се одржи во понеделник во њујоршки „Медисон Сквер Гарден“. Победникот од овој меч во финалето на Источната конференција ќе се соочи со Бостон Селтикс, кои во конференциското полуфинале го елиминираше Кливленд со 4-1.
На Запад, Далас Маверикс водат во полуфиналето со 3-2 против Оклахома Сити Тандер, додека седмиот натпревар ќе одлучува за средбата меѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулфс.