Пејџ ВанЗант продаде картичка со бакнеж за 13.200 долари

Американската ММА борачка Пејџ ВанЗант продолжува да си го развива бизнисот надвор од октагонот и прилично добро ѝ оди заработката.

ВанЗант порано беше во УФЦ, која ја напушти по поразот на УФЦ 251 од Аманда Рибас. После тоа во август 2020 потпиша за боречкиот шампионат Bare Knuckle Fighting, каде прво загуби од Британ Харт, а потоа следната година од старата познаничка Рејчел Остович, која ѝ се одмазди за поразот во УФЦ. Пејџ има скор 8-5 во ММА и 0-2 во БКФЦ.

Пејџ ВанЗант продаде картичка со бакнеж за 13.200 долари

Иако е далеку од октагонот, ВанЗант сè уште добро заработува. Познато е дека има профил на OnlyFans каде ги објавува своите фотографии во жешки изданија, а сега ја продаде и првата картичка со бакнеж и автограм.
Картичка со нејзиниот отпечаток од усни беше продадена на аукција на eBay, со регистрирани 102 понуди, а највисоката беше 13.200 долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.