Како што вели, тогаш целосно го „изгубил компасот“ и почнал неконтролирано да пие.
Пејачот Пеѓа Јовановиќ долго време се бореше со алкохолизам, поради што првиот пат се разведе од сопругата Ана.
Периодот кога тој падна во рацете на овој порок дојде по напуштањето на групата и започнувањето соло настапи.
Како што вели, тогаш целосно го „изгубил компасот“ и почнал неконтролирано да пие.
Пресвртот се случи за време на пандемијата на коронавирусот, кога пејачот конечно си призна дека е во огромен проблем и реши да побара стручна помош. Очаен и решен да се спаси, тој едноставно напиша „ како да се опоравите од зависноста од алкохол“ на Google и наиде на името на авторот Ален Кар.
Со оглед на тоа што книгата во тоа време не била преведена на српски јазик, Пеѓа, кој пораснал во Германија, ја симнал аудио верзијата од книгата на германски јазик за 17 евра. Ја слушал во автомобилот три дена, а потоа се случило вистинско чудо.
– Како некој да ми исклучил прекинувач во главата. Алкохол – исклучи! Значи, повеќе немаш апсолутно никаква потреба – објаснува Пеѓа во подкастот на Zmajcast.
Поминаа четири години од тој момент, а популарниот пејач вели дека повеќе не сака ниту да мириса алкохол, и дека тоа му создава силна одбивност. Денес, тој јавно ја споделува својата приказна за надминување на демоните, со надеж дека неговата исповед ќе му помогне на некој што моментално се бори со истиот проблем.
The post ПЕЏА ПОРАДИ ПОРОКОТ ГО ОСТАВИ СОПРУГАТА, А ПОТОА ЗА 3 ДЕНА СЕ СЛУЧИ ЧУДО! Евтина работа го излекува од алкохолот appeared first on Во Центар.



