Пиењето врело кафе или чај може да предизвика рак на хранопроводникот

Според истражувањето спроведено во Медицинското училиште во Техеран, пиењето врело кафе или чај може да предизвика рак на хранопроводникот. Во истражувањето учествувале 50.045 луѓе на возраст од 40 до 75 години, кои живеат во североисточен Иран и кои имаат навика да пијат врели пијалаци. Научниците ги следеле испитаниците од 2004-та до 2017-та година.


Пиењето врело кафе или чај може да предизвика рак на хранопроводникот
Во тој период се откриле 317 нови случаи на рак на хранопроводникот, при што ризикот од болеста бил дури 2,4% пати повисок кај оние кои редовно пиеле кафе или чај на температура од 75 степени.
Ракот на хранопроводникот е осмиот најчест вид рак во светот и еден од најчестите убијци. Иако истражувањето се однесувало само на чај и кафе, се верува дека резултатите важат и за другите топли пијалаци, како на пример млеко, топло чоколадо или какао.
„Резултатите ги потврдија досегашните сознанија за врската помеѓу врелите пијалаци и ракот на хранопроводникот“, изјавил Фархад Ислами кој го водел истражувањето.
Кога станува збор за ракот на хранопроводникот, секој екстрем предизвикува штета бидејќи го оштетува ткивото и предизвикува воспаленија. Поради ова, научниците препорачуваат за секој пијалак да се чекате да се излади барем до 60 степени Целзиусови пред да почнете со консумирање.
Некои поодамнешни истражувања покажале дека луѓето во Кина, Иран, Турција и Јужна Америка традиционално пијат врел чај, со температура од околу 70 степени. Од друга страна, Британците не го пијат пијалакот на оваа температура.
Исто така, според резултатите од досегашните истражувања, најдобро е кафето или чајот, или кој било сличен пијалак, да го оставите да се излади барем 4 минути. Односно, да почекате додека не е на температура поднослива за голтање. Доколку сепак не ви се чека, подобро е да додадете малку ладно млеко во кафето или чајот за да го разладите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.