Пиењето многу вода е опасно за здравјето

Пиењето големи количества вода може да биде опасно за здравјето, предупрeдуваат лекарите.
Според нив, бубрезите може да преработат околу 800-1000 милилитри вода во еден час. Ако тоа количество биде надминато тогаш се нарушува натриумовиот баланс во организмот.


– „Опивањето“ со вода ја отежнува циркулацијата на крвта што може да предизвика оштетување на функциите на мозокот, кома па дури и смрт. Освен тоа, преголема хидратација може дабиде опасна како и недостигот од вода, а бубрежно болните се најпогодени.
Возрасните не треба да пијат повеќе од 3-4 литри вода дневно, советуваат лекарите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.