Речиси не постои некој кој не пробал солени мафини, а сè попопуларни стануваат и солените мафини кои можете да ги подготвите од разни состојки.
Тие се вкусни и многу едноставни за подготовка, а овие пикантни мафини ќе ги воодушеват љубителите на зачинетата храна.
Потребни состојки:
- 2 јајца
- ¼ шолја маслиново масло
- ¼ шолја млеко
- 1 шолја брашно
- 1 лажичка сол
- ½ лажичка мелена чили пиперка
- 1 лажичка оригано
- 1 и пол лажица прашок за печиво
- ½ шолја пченка од конзерва
- ½ шолја сечкан магдонос
- ¼ шолја рендано тврдо сирење
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со маслиновото масло и млекото. Во друг сад ставете го брашното, солта, чили пиперката, прашокот за печиво, ориганото и промешајте. Во брашното додајте ги изматените јајца и добро соединете ја смесата.
Додајте ја пченката, сечканиот магдонос и ренданото тврдо сирење. Сето тоа добро соединете го и ставете ја смесата во калап за мафини. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.