Минатата година Шакира ја претстави песната „BZRP Music Sessions #53“ преку која откри дека нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике изневерил.Откако ја официјализираше таа информација, многу фанови застанаа на нејзина страна.
Сепак, поранешниот фудбалер на Барселона и шпанскиот репрезентативец Жерар Пике гостуваше во емисија на Си-Ен-Ен каде за прв пат го коментираше раскинувањето со Шакира.Она што досега беше познато е дека Пике ја изневерил Шакира со 12 години помладата Клара Чија Марта. Пике додека гостуваше во Си-Ен-Ен ја обвини Шакира дека не е целосно искрена за целата ситуација.„Она што беше кажано не беше прикажано како што навистина беше. Не можам да го контролирам. Сега сум опкружен со моите најблиски, тие знаат кој сум и што правам и тоа ми дава мир. Животот што го имав, можност да играм за клубот на мојот живот повеќе од 20 години, прекрасни деца, пријатели за цел живот, благодарен сум за сето тоа“, рече тој.Шакира претходно зборуваше за People за раскинувањето со Пике и истакна дека мислела дека нема да може да преживее бидејќи во истиот момент кога дознала дека Пике изневерил, нејзиниот татко бил во болница на интензивна нега.“Преку медиумите дознав дека ме изневерувал додека татко ми бил на интензивна нега. Најтешко ми беше што не можев да добијам совет од татко ми, а тоа ми беше толку потребно”, рекла таа.Шакира и Пике имаат два сина – Милан и Саша, а според последните информации Пике наскоро би можел да се ожени со својата девојка Клара Чија Марти.
Пронајдете не на следниве мрежи: