Пикник во паркче со музички гости од Мексико






Во сабота, на први јуни во паркот кај Кино Карпош од 12 часот Кино Карпош организира пикник со музичка програма на гости од Мексико. Сolectivomiramar се музички продуценти и страсни колекционери на винили. Колектив формиран од Dj Raw и Nico Jean кои како главен извор на инспирација ги користат мексиканските океани и планини, ширејќи ги еуфоричните звуци на тоа поднебје. Од локалните музчари музика ќе пушта Андреј Мицајов.

На пикникот ќе има food corner ги имаме со храна и пјалоци, а катче во pop-up делот ќе имаат Urma Concept Store.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: