ПИЛЕШКИ АЈМОКАЦ: Старинско јадење кое ќе биде совршен избор било кој ден од неделата



Потребно е:

700 гр пилешко месо
6 чешниња лук
1 лажица маснотии
3 лажици брашно
1 коцка за супа
500 мл вода
1 лажица сол

Подготовка:

Сварете го белото месо, па извадете го во чинија. Во врелата вода додадете ја коцката за пилешка супа и кога ќе се раствори, процедете ја за да стане бистра супата. Кога белото месо ќе се олади, исечете го на коцки или тенки ленти. Во тавата се става маснотијата да се растопи, па се додава мелениот лук и по една минута се додава брашното. Цело време мешајте, а кога ќе почне да добива боја, додадете го исецканото месо. Постепено сипете ја супата и варете додека не се згусне со постојано мешање. Зачинете со сол и бибер, а можете да зачините и по желба.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: