Пилешко на кинески начин

Потребни состојки:
(за 2 лица)
250 г пилешко филе
100 г праз
100 г сечкани кикирики
1 лажичка сечкано чили
100 мл масло
2 лажички густин
50 мл соја сос
2 чешниња лук
1 лажичка ѓумбир
100 мл вода
50 мл бело вино
1 лажичка вегета


Начин на подготовка:
Измијте го пилешкото месо, исечкајте го на коцки и наросете со 1 лажичка густин. Исечкајте го и измијте го, а потоа исечкајте лук.
Во тава пропржете ги кикириките, извадете ги и ставете ги во чинија. Во истата тава печете пилешко околу 10 минути, извадете го и ставете го на чинија. Во истата тава пропржете го празот и чилито.
Вратете го месото и кикириките во тава и промешајте со праз. Разматете малку вода со преостанатата количина со густин, додајте лук, соја сос, ѓумбир, вино и зачини. Со ова прелијте го пилешкото и уште малку варете. Послужете го пилешкото со варен ориз.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.