Пилот возел пијан: Нема да верувате колкаво ниво на алкохол имал во крвта

Откако еден пилот на „Јапан ерлајнс“ е уапсен поради тоа што пијан ги пренесувал патниците, оваа компанија се обидува со сите сили да и објасни на јавноста дека патниците во нејзините авиони се целосно безбедни.
Овој пилот дури 20 пати имал повисоко ниво на алкохол од дозволеното во крвта. Пилотот, Куцотоши Јуцикава, уапсен е на аеродромот Хитроу минатиот месец, пред да се качи на лет за Токио. Тогаш било откриено дека имал 189 милиграми алкохол на 100 милиграми крв во својот систем.
Вечерта пред тоа наводно ја поминал пиејќи вино и неколку пива. Куцотоши (42) се изјаснил како виновен за пречекорување на границата на алкохол во судот Уксбриџ на 1 ноември.


Од авиокомпанијата соопштиле дека ќе воведат најригорозни мерки и на пилотите нема да им биде дозволено да пијат алкохол 24 часа пред летот, наместо 12 часа како досега. Ќе воведат и редовни и задолжителнио алко тестови.
Инаку, според законот во Јапонија не е задолжително пилотите да направат алко тест, туку тоа е оставено на авиокомпаниите самите да одредат во која мерка ќе ги извршуваат.
Како резултат на тоа, осум од 25 авиокомпании во државата не ги проверуваат пилотите, додека 12 користат едноставни уреди.
Меѓутоа, овој случај би можел да го поттикне министерството за сообраќај да воведе задолжително тестирање на пилотите, нагласил Маиничи Шимбун.
Некогашниот шеф на оваа компанија Исеи Хидешима изјавил дека неопходно е да им се остави на пилотите доволно време да одморат меѓу летовите, бидејќи многу од нив пијат алкохол, за малку да се ослободат од стресот.
„Воведувањето на построги правила не е доволно“ – изјавил тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.