Пингвините се вистински пример за љубов: Секогаш се радуваат кога ќе го здогледаат партнерот, а најмногу се приврзани за своите младенчиња

Кога би барале примери за љубов помеѓу животните, експертите без размислување би ни ги препорачале пингвините. Преубавите птици од Антарктикот не летаат, но за топлина, нежност и искажување емоции знаат многу повеќе од поголемиот дел припадници на животинското царство.
Велат дека пингвините буквално секој ден му изјавуваат љубов на партнерот и тоа со гласен крик, сите да го чујат. Не се грижат за гордост и не знаат за срам.
Кога ќе видат некој кој го сакаат, започнуваат да танцуваат за да му покажат дека се радосни што се сретнале. Тие се пример за верност, бидејќи се моногамни и неретко имаат еден партнер во текот на целиот живот освен кога ќе се случи смрт на саканата птица.


Несебични се во улогата на родител и на подеднакво ја делат одговорноста за воспитување и хранење на нивните бебиња.
Заедно градат и гнезда за нив. Кон своите младенчиња се нежни и приврзани. На пингивините комуникацијата многу им е важна, па така постојано нешто зборуваат со партнерот. Се случува и тоа да се расправаат, но секоја кавга завршува на конструктивен начин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.