По „Фарма“ која ќе биде завршена до крајот на јуни, Пинк ќе започне ново реално шоу кое се нарекува „Крстарење“. Како што пишува Телеграф, новото реално шоу на розевата телевизија ќе трае два месеци (ос 1 јули до 1 септември) и ќебиде организиран на голем брод кој ќе плови по водите на Јадранското море.
Натпреварувачи во шоуто ќе бидат атрактивни девојки и момчиња од регионот. Лицето кое ќе биде елиминирано од реалното шоу ќе мора да го напушти бродот.
Продукцијата сеуште размислува дали учесниците во шоуто ќе бидат ВИП личности или луѓе кои не се познати во јавноста. Исто така постои можнос за микс од познати и непознати личности во шоуто. Како што пишуваат српските медиуми од Пинк сеуште се во потрага по брод. Нивната желба бил познатиот брод “Галеб”, но бидејќи тој не е на располагање, Пинк ТВ ќе треба да се погледне за нови пловни луксузни возила.
Како што е случајот и со „Фарма“, реалното шоу „Крстарење“ преку цел ден ќе се емитува на програмата Пинк Ријалити.По „Фарма“ која ќе биде завршена до крајот на јуни, Пинк ќе започне ново реално шоу кое се нарекува &bdquo
Пронајдете не на следниве мрежи: