Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска жестоко ја осуди изјавата на премиерот Зоран Заев дека немало да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, педер, да ја симнат Владата.
-Гнасно по многу основи! Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било се што се зборуваше и правеше претходно!, напиша Пировска.